ЈАВЕН ПОВИК до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), и Договорот за соработка Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и општина Прилеп, во рамките на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2021 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден 05.08.2021 година се објавува:

 

Ј  А  В  Е  Н     П О В И К
до
евидентирани невработени лица за вклучување во
Програмата Општинско – корисна работа

Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект  „Можности за сите граѓани преку Општинско – корисна работа“  за работно ангажирање со скратено работно време од 9 (девет) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување – Центар за вработување Прилеп.

Евидентираните невранботени лица кои немаат сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/ компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера согласно услугата која треба да се испорачува ќе бидат вклучени во програмата при што 3 месеци ќе добијат задолжителна обука и 6 месеци работно ангажирање.

Вкупниот период на влученост на невработените лица преку програмата изнесува 9 месеци во кој влегува обуката и работниот ангажман.

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на задолжителната обука од 3 месеци за лицата кои не поседуваат соодветен сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/ компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера согласно услугата која треба да се испорачува и за време на  работниот ангажман од 6 (шест)месеци/ 9(девет) месеци статусот на невработените лица  останува непроменет, а на невработените лица-корисници на паричен надоместок и на корисници на право на Гарантирана минимална помош за времетраење на работно ангажирање ќе им биде активно претходно остварено право.

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата .

За кандидатите  кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 9.000,00 денари бруто износ за времетраењето на обуката и работното ангажирање, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

– Долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години);

– Млади лица до 29 години;

– Лица постари од 50 години;

– Невработени лица на кои им престанал работниот однос во периодот на Коронавирусот (COVID 19)

– Лица корисници на гарантирана минимална помош;

– Лица корисници на паричен надоместок по основ на невработеност;

– Лица кои имале статус на деца без родители и родителска грижа;

– Жртви на семејно насилство;

– Родители на 3 или повеќе лица;

– Родители на деца на улица;

– Родители на деца со пречки во развојот;

– Самохрани родители.

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :

– Неговател на стари лица во Дом за стари и изнемоштени лица „Киро Крстески Платник“ – 3 (три) позиции со средно образование;

– Неговател за деца во градинка (претшколско образование) во ЈОУДГ „Наша Иднина“ – Прилеп – 12 (дванаесет) позиции со средно образование и тоа:

Завршено четиригодишно средно образование за оние кои се стекнале со важечка лиценца за неговател до денот на влегувањето во сила на Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 104/19) односно до 23.05.2019 година,

Односно четиригодишно средно училиште: средно медицинско училиште, средно образование – насока гимназија, средно музичко училиште, средно ликовно училиште, средно фискултурно училиште, за лицата кои не поседуваат важечка лиценца за неговател за деца во детска градинка.

Заинтресираните невработени лица  Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Прилеп во периодот од 05.08.2021 година до 11.08.2021 година, од 08:00 до 14:00 часот.

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Прилеп и избраните кандидати.

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Прилеп кај лицето Цвете Станојоска – cstanojoska@prilep.gov.mk, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување – Центар за вработување Прилеп кај лицето Сузана Димоска – +38978487319,  Центар за социјлна работа Прилеп кај лицето Јасминка Митреска – +38975847999.