ЈАВЕН ОГЛАС за избор на организатор на „Фестивал на пивото-2019“

Врз основа на одредбите од чл.50 ст.1 т.4, т.8, т.14 и т.16 од Законот за локалната самоуправа (Сл.Весник на РМ бр.5/2002), чл.14 ст.1 т.5 в.в. со чл.47 ст.1 алинеја 4, 9 и 10 од Статутот на Општина Прилеп, в.в. со чл.7 од Законот за култура  (Сл.весник на РМ бр.31/98, 49/03, 82/05, 24/07, 116/10, 47/11, 51/11, 136/12, 23/13, 187/13, 44/14, 61/15, 154/15 и 39/16-Одлука на Уставниот суд на РМ У.бр.196/2007 од 16.01.2008 год.објавена во Сл.Весник на РМ бр.15/2008), на ден 29.05.2019 год. Градоначалникот на Општина Прилеп Илија Јованоски распишува:

ЈАВЕН ОГЛАС

за избор на организатор на „Фестивал на пивото-2019“

Заради реализација на Програмата за култура за 2019 година на Општина Прилеп во делот Културни манифестации и творештво Бр.09-531/6 од 07.02.2019 година на Советот на Општина Прилеп, за која се предвидени средства во вкупен износ од 2.500.000,00 денари и Одлуката за определување на локалитет за организирање на „Фестивал на пивото-2019„ Број 09-1697/21 од 22.05.2018 год.на Советот на Општина Прилеп, Градоначалникот на Општина Прилеп Илија Јованоски објавува јавен оглас за пријавување на заинтересирани субјекти (физички или правни лица) за избор на организатор на манифестацијата „Фестивал на пивото-2019„ Прилеп која ќе се одржи во периодот од 18.07.2019 година до 21.07.2019 година

Условите и критериумите за изборот на организатор на манифестацијата „Фестивал на пивото-2019„ Прилеп (физичко или правно лице) се следните:

–  во рок од 3 дена сметано од денот на објавување на огласот заинтересираниот субјект до Комисијата за избор на организатор на „Фестивал на пивото-2019„ при ЕЛС Општина Прилеп да потврди учество во организација на јавни настани и да достави програма за начин на реализација на „Пиво фестивал 2019„ Прилеп, која треба да ги содржи спецификација на вкупните активности и настани кои организаторот се обврзува да ги реализира во периодот од 18.07.2019 год.заклучно со 21.07.2019 година;

–  програмата за начин на реализација на „Пиво фестивал 2019„ Прилеп  треба да предвидува акционен план за реализација на активностите на терен, начинот на соработка со органите на ЕЛС Општина Прилеп, јавните претпријатија, МВР, ТППЕ Прилеп и др.правни лица, да поттикнува соработка со невладини организации и здруженија на граѓани  заради промоција на културните вредности на подрачјето на Општина Прилеп, како што се промоција на културно историски споменици, заштитеното културно наследство на подрачјето на Град Прилеп и населените места, промоција на старите обичаи, промоција на храната,  пивото, старите занаети и промоција на др.културни вредности;

–   Согласно Одлуката за определување на локалитет за организирање на „Фестивал на пивото -2019„, Бр.09-1697/21 од 22.05.2019 год.на Советот на Општина Прилеп, организаторот во координација со потенцијалните закупци на штандови површини да обезбеди примена на унифицирана музичката програма;

–   кон пријавата организаторот е должен да ги приложи потребните согласности утврдени со чл.4 од Одлуката за определување на локалитет за организирање на „Фестивал на пивото -2019„, Бр.09-1697/21 од 22.05.2019 год.на Советот на Општина Прилеп;

–   по извршениот избор на организатор на манифестацијата и издавање на одобрение за начинот на користење на просторот утврден со Одлуката за определување на локалитет за организирање на „Фестивал на пивото -2019„, Бр.09-1697/21 од 22.05.2019 год.на Советот на Општина Прилеп, организаторот да се обврзе да склучи меморандум за соработка за реализација на манифестацијата со ЕЛС Општина Прилеп со ЕЛС Општина Прилеп, со кој ќе се утврди начинот на меѓусебна соработка во реализација на манифестацијата;

–   организаторот да се обврзе на материјално-финансиска транспатентност по завршување на манифестацијата, односно сите податоци и информации за организација на манифестацијата да претставуваат податок од јавен карактер со исклучок на оние податоци кои согласно закон претставуваат деловна тајна и за чие издавање на трети лица, субјектот не дал согласност за нивно јавно објавување;

–   ЕЛС Општина Прилеп и избраниот субјект-организаторот, го задржуваат правото врз основа на спроведената постапка за избор на организатор „Фестивал на пивото – 2019„,  да бараат даночни поттикнувања согласно Законот за донации и спонзорства во јавните дејности;

–   Со избраниот субјект-организаторот на манифестацијата „Фестивал на пивото-2018„ Градоначалникот на Општина Прилеп ќе се склучи договор за начинот на субвенционирање со средствата за реализација на Пиво фестивал 2019 Прилеп во вкупен износ од 2.500.000,00 денари.

Рокот за пријавување по огласот започнува да тече од денот на неговото објавување во дневниот весник.

ПРЕВЗЕМЕТЕ ГО ОГЛАСОТ

Градоначалник
на Општина Прилеп
Илија Јованоски