ЈАВЕН ПОВИК до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), и Договорот за соработка Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и општина Прилеп, во рамките на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2023 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден 12.06.2023 година се објавува:

 

Ј  А  В  Е  Н     П О В И К

до

евидентирани невработени лица за вклучување во

Програмата Општинско – корисна работа

 

Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект  “Во служба на заедницата преку Општинско – корисна работа“ за вклучување/работно ангажирање со скратено работно време од 9 (девет) месеци  заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Прилеп

Евидентираните невранботени лица кои немаат сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/ компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера согласно услугата која треба да се испорачува ќе бидат вклучени во програмата при што 3 месеци ќе добијат задолжителна обука и 6 месеци работно ангажирање.

Вкупниот период на влученост на невработените лица преку програмата изнесува 9 месеци во кој влегува обуката и работниот ангажман.

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на задолжителната обука од 3 (три) месеци за лицата кои не поседуваат соодветен сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/ компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера согласно услугата која треба да се испорачува и за време на  работниот ангажман од 6 (шест) месеци/ 9(девет) месеци статусот на невработените лица  останува непроменет, а на невработените лица-корисници на паричен надоместок и на корисници на право на Гарантирана минимална помош за времетраење на работно ангажирање ќе им биде активно претходно остварено право.

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.

За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 13.750,00 денари бруто износ за времетраењето на обуката и работното ангажирање, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

  • долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години)
  • млади лица до 29 години
  • лица постари од 50 години
  • невработени лица на кои им престанал работниот однос во периодот на Коронавирусот COVID -19
  • лица корисници на гарантирана минимална помош
  • лица корисници на паричен надоместок по основ на невработеност
  • лица кои имале статус на деца без родители и родителска грижа
  • жртви на семејно насилство
  • лица со попреченост
  • жени припадници на ромската етничка заедница и на останатите етничките заедници
  • лица припадници на ромската етничка заедница
  • самохрани родители
  • родители на деца со пречки во развојот
  • родители на 3 и повеќе деца
  • лица со незавршено средно или пониско образование

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :

Работно место 1: Неговател/ка во ЈОУДГ „Наша Иднина

Нега на деца во претшколска возраст

Позиции за работно место 1:  3 (три) позиции

Потребни квалификации и занимања за Работно место 1:

– Минимум ССС (од соодветни профили)

– Со или без работно искуство

– Со поретходно стекната важечка лиценца за  неговател издадена од Комисија за лиценцирање на стручни лица во системот за згрижување и  воспитание на деца од предучилишна возраст и на директори на установи  за деца при МТСП

Ангажман за 9 месеци (4 часа дневно, 20 часа неделно)

Сите кандидати треба да бидат активни баратели на работа.

Работно место 2: Воспитувач/ка ЈОУДГ „Наша Иднина“

Воспитување на деца во претшколска возраст

Позиции за работно место 2: 3 (три) позиции

Потребни квалификации и занимања за Работно место 2:

– Соодветно ВСС

– Со или без работно искуство

– Со поретходно стекната важечка лиценца за  воспитувач издадена од Комисија за лиценцирање на стручни лица во системот за згрижување и  воспитание на деца од предучилишна возраст и на директори на установи  за деца при МТСП

Ангажман за 9 месеци (4 часа дневно, 20 часа неделно)

Сите кандидати треба да бидат активни баратели на работа.

 Работно место 3: Неговател/ка во Дом за стари лица „Киро Крстески – Платник“

Нега на стари и изнемоштени лица

Позиции за работно место 3: 1 (една) позиција

Потребни квалификации и занимања за Работно место 3:

– Минимум основно образование

– Со или без работно искуство

Ангажман за 9 месеци (4 часа дневно, 20 часа неделно)

Сите кандидати треба да бидат активни баратели на работа.

 Работно место 4: Неговател/ка Дневен центар за лица со церебрална парализа

Нега на лица со церебларлна парализа

Позиции за работно место 4: 1 (една) позиција

Потребни квалификации и занимања за Работно место 5:

– Минимум средно образование

– Со или без работно искуство

Ангажман за 9 месеци (4 часа дневно, 20 часа неделно)

Сите кандидати треба да бидат активни баратели на работа.

 

Работно место 5: Фасилитатор за поддршка на социјални услуги за Роми повратници

Подршка при обезбедување на социјални услуги за Роми повратници за нивна полесна реинтеграција во општеството

Позиции за работно место 5: 1 (една) позиција

Потребни квалификации и занимања за Работно место 5:

– Минимум средно образование

– Со или без работно искуство

Ангажман за 9 месеци (4 часа дневно, 20 часа неделно)

Сите кандидати треба да бидат активни баратели на работа.

 

Заинтресираните невработени лица  Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Прилеп во периодот од 13.06.2023 година до 19.06.2023 година, од 08:00 до 14:00 часот.

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Прилеп и избраните кандидати.

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Прилеп кај лицето Винета Иваноска vineta.ivanoska@prilep.gov.mk, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување Прилеп  кај лицето Ели Петрушеска,  Центар за социјлна работа Прилеп кај лицето Лиљана Јорданоска.