Ги известуваме сите граѓани и правни субјекти на територијата на општина Прилеп, коишто поднеле барања за легализација на бесправно изградени објекти, во согласност со Законот за постапување со бесправно изградени објекти од 2011година, но не доставиле геодетски елаборат, односно не го комплетирале своето барање, заклучно со 31. 12. 2016г. ова може да го направат така што ќе дојдат лично во просториите на Општина Прилеп (Приемно одделение) за продолжување на постапката за легализација.
Ова е согласно со продолжување на важноста на Законот за постапување со беправно изградени објекти, што ја дава можноста постапките да се заокружат.
Во тие рамки ги известуваме и сите други заинтересирани граѓани и правни лица, дека бенефицијата согласно со измените на Законот од декември 2017, објавен во Сл. Весник 190/17, може да ја искористат и со поднесување на целосно ново барање за легализаија.