Измена на ГУП за ЈП за ПУП

Градоначалникот на Општина Прилеп, решавајќи по предлогот за одобрување на ПЛАНСКА ПРОГРАМА ЗА ИЗМЕНА И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ГУП ЗА ГРАД ПРИЛЕП, ПЛАНСКИ ПЕРИОД 2013-2023-ТЕКСТУАЛЕН ДЕЛ, со број 10-1240/3 од 13.05.2022 година од Комисијата за урбанизам формирана од Градоначалникот на Општина Прилеп, со Решение бр.08-37/1 од 04.01.2022 година и Решение за изменување на Решението за формиарње на Комисија за урбанизам бр.08-37/4 од 04.04.2022 година од страна Градоначалникот на Општина Прилеп, а врз основа на член 62 став 3 од Законот за урбанистичко планирање (Службен  весник на РСМ бр. 32/20), го издава следното:

РЕШЕНИЕ

Се одобрува Планска програма, поднесена со барање број 10-1240/1 од 20.04.2022 година и број на постапка 42616, за изработка на ИЗМЕНА И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ГУП ЗА ГРАД ПРИЛЕП, ПЛАНСКИ ПЕРИОД 2013-2023-ТЕКСТУАЛЕН ДЕЛ

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

Барателот Јавно претпријатие за просторни и урбанистички планови ЈП за ПУП Прилеп,  до Комисијата за урбанизам на Општина Прилеп, формирана согласно со Решение бр.08-37/1 од 04.01.2022 година и Решение бр.08-37/4 од 04.04.2022 година, поднесе барање број 10-1240/1 од 20.04.2022 година и број на постапка 42616 за одобрување на ПЛАНСКА ПРОГРАМА ЗА ИЗМЕНА И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ГУП ЗА ГРАД ПРИЛЕП, ПЛАНСКИ ПЕРИОД 2013-2023-ТЕКСТУАЛЕН ДЕЛ.

Со барањето ја приложи следната документација и докази:

 

  1. Предлог Планска програма

Изработувачот на планската документација изработи ПЛАНСКА ПРОГРАМА ЗА ИЗМЕНА И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ГУП ЗА ГРАД ПРИЛЕП, ПЛАНСКИ ПЕРИОД 2013-2023-ТЕКСТУАЛЕН ДЕЛ,  и преку Комисијата за урбанизам ја достави до Градоначалникот со предлог за одобрување.

Градоначалникот на Општина Прилеп по извршениот увид во приложената документација со барањето и предлогот од Комисијата за урбанизам констатира дека барањето е основано и се исполнети условите од Законот за урбанистичко планирање (Службен  весник на РСМ бр.32/20). Врз основа на тоа, а согласно член 44 став 7 од Законот за  урбанистичко планирање донесе решение како во диспозитивот.

ПРАВНА ПОУКА

Против ова Решение, барателот може да изјави жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на одобранието до министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредувањето на просторот.

Жалбата се таксира со 250,00 ден. административни такси.

ГРАДОНАЧАЛНИК

Борче Јовчески

Решение за одобрување ПП

Измена на ГУП-ЈП за ПУП

Планска програма

Предлог за одобрување на ПП