„Завршуваме со чистењето на речното корито на Градската река, од мостот кај населбата Димо Наредникот, до железничкиот мост“ – истакна денес градоначалникот Борче Јовчески заедно со директорот на Јавното комунално претпријатие Рубинчо Абрашоски.
Подигнати се 2000м3 отпад и транспортирани до депонијата во Алинци.
Канализирано е речното корито на долниот дел од реката, каде на дел од реката постои камено корито и водата веќе го има својот тек.
Со максимален ангажман на ЈКП „Комуналец“ и континуирана работа од 9 јуни па се до денес, овој потег на речното корито доби сосема поинаков и почист изглед.
Грижата за животната средина и за околината која што не опкружува претставува обврска на сите нас.
Да бидеме разумни и коректни кон идните генерации и да ја одржуваме нашата околина почиста и поубава!