Врз основа на член 48 став 4 од Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18 и (Службен весник на РСМ“ бр. 275/19 и 14/20), како и член 2 од Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот спроведување на административната селекција и интервјуто како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас („Службен весник на РМ бр.11/2015, 35/2018 и 303/2020), Општина Прилеп објавува:
ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 01/2021
за унапредување на административен службеник
во Општина Прилеп
Општина Прилеп објавува Интерен оглас за унапредување на 2 (двајца) административни службеници за следните работни места:
1.УПР0101В01000 Одговорен сметководител, Одделение за буџетска контрола, Сектор за финансиски прашања -1 извршител
Посебни услови:
– ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен –економски науки или организациони науки и управување-менаџмент
– работно искуство, и тоа:
– најмалку три години работно искуство во струката
Посебни работни компетенции:
– активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски),
– активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и
– уверение за овластен сметководител
Распоред на работното време:
Неделно работно време е од понеделник до петок, работни часови неделно 40, а дневното работно време е 8(осум) работни часа (8.00-16.00 часот).
Платата за работното место е во паричен нето износ од 26.329,00 денари.
Кандидатите кои аплицираат на интерниот оглас треба да ги исполнуваат следните
Општи услови:
– да е државјанин на Република Македонија;
– активно да го користи македонскиот јазик;
– да е полнолетен;
– да има општа здравствена способност за работното место и
– со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност
На интерниот оглас може да се јави административен службеник вработен во Општина Прилеп, кој ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на работно место пропишани за соодветното ниво со Законот за административни службеници и Правилникот за систематизација на работните места во Општина Прилеп, при ова административниот службеник треба да ги исполнува и следните услови:
– да е оценет со оцена „А“ или „Б“ при последното оценување,
– да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,
– да поминал најмалку две години на тековното работно место и
– да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.
2.УПР0101В01000 Спроведување на постапки за јавни набавки и администрирање со движниот имот во сопственост на општината ,Одделение за јавни набавки и администрирање со движниот имот во сопственост на општината , Сектор за правни, општи работи и јавни дејности -1 извршител
Посебни услови:
- ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен –економски или правни науки
– работно искуство, и тоа:
– најмалку три години работно искуство во струката
Посебни работни компетенции:
– активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски),
– активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и
– потврда за положен испит за лице за јавни набавки
Распоред на работното време:
Неделно работно време е од понеделник до петок, работни часови неделно 40, а дневното работно време е 8(осум) работни часа (8.00-16.00 часот).
Платата за работното место е во паричен нето износ од 26.329,00 денари.
Кандидатите кои аплицираат на интерниот оглас треба да ги исполнуваат следните
Општи услови:
– да е државјанин на Република Македонија;
– активно да го користи македонскиот јазик;
– да е полнолетен;
– да има општа здравствена способност за работното место и
– со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност
На интерниот оглас може да се јави административен службеник вработен во Општина Прилеп, кој ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на работно место пропишани за соодветното ниво со Законот за административни службеници и Правилникот за систематизација на работните места во Општина Прилеп, при ова административниот службеник треба да ги исполнува и следните услови:
– да е оценет со оцена „А“ или „Б“ при последното оценување,
– да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,
– да поминал најмалку две години на тековното работно место и
– да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.
Заинтересираниот административен службеник, поднесува пополнета пријава и докази за податоците содржани во пријавата преку архивата на Општина Прилеп до Одделението за управување со човечки ресурси и до службената електронска адреса на Одделението за управување со човечки ресурси coveckiresursi@prilep.gov.mk.
Кандидатите кон пријавата покрај доказите за исполнување на општите и посебните услови, можат да ги приложат и следните докази
– потврди за успешно реализирани обуки и/или
– потврди за успешно реализирано менторство
Рокот за поднесување на пријавата со доказите трае 5 (пет) дена од денот на објавување на web страната на Општина Прилеп.
Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни а доставените докази верни на оригиналот.
НАПОМЕНА: Кандидатот кој ќе внесе лажни податоци во пријавата или се утврди дека внел лажни податоци, ќе биде дисквалификуван од натамошна постапка по овој оглас.
Секретар
на Општина Прилеп
Александра Кокароска