Информација за состојбата со коронавирусот во општина Прилеп за периодот од 19 до 25 април 2021 година, како и вкупен број на заболени и починати од почетокот на пандемијата:
- Од Центарот за јавно здравје информираат дека изминатата седмица, во периодот од 19 до 25 април 2021 година, во општина Прилеп имало 189 нови случаи на Ковид-19;
- Од последици на коронавирусот починале 14 лица;
- Бројот на активни случаи со КОВИД-19 изнесува 807; на болничко лекување се наоѓаат 84 лица, од кои 66 се на кислородна поддршка; во дневната болница се лекуваат 70 пациенти;
- Вкупниот број на заразени од Ковид-19 изнесува 8.098;
- Од почетокот на пандемијата, од коронавирус починалe 392 лицa.