Информација за состојбата со коронавирусот во општина Прилеп за периодот од 15 до 21 февруари 2021 година, како и вкупни бројки на заболени и починати од почетокот на пандемијата

Од Центарот за јавно здравје информираат дека изминатата седмица, во периодот од 15 до 21 февруари 2021 година, во општина Прилеп имало 274 нови случаи на Ковид-19;

Од последици на коронавирусот починале 11 лица;
Бројот на активни случаи изнесува 473;
59 лицa се наоѓаат на болничко, 367 на домашно лекување, а 47 се лекуваат во дневната болница;
Во домашна изолација и самоизолација се наоѓаат 321 лица;
Од почетокот на пандемијата вкупниот број на заразени од Ковид-19 изнесува 5.116, а од вирусот починале 254 лица.
Со почит,
Општина Прилеп