Информација за состојбата со коронавирусот во општина Прилеп за денеска, среда 5 август

  • Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има 3 нови случаи на коронавирус, а 8 лица оздравеле од заразната болест;
  • Бројот на активни случаи изнесува 46, од кои 32 се наоѓаат на домашно, а 14 на болничко лекување;
  • Во домашна изолација и самоизолација се наоѓа 45 лица;
  • Вкупниот број на заразени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 336.