Информација за состојбата со коронавирусот во општина Прилеп за денеска, среда 29 јули

  • Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп нема нови случаи на коронавирус, а едно лице оздравело од заразната болест;
  • Бројот на активни случаи изнесува 54, од кои 39 се наоѓаат на домашно, а 15 на болничко лекување;
  • Во домашна изолација и самоизолација се наоѓаат 77 лица;
  • Вкупниот број на заразени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 327.