Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има 38 нови случаи на коронавирус, а 13 лица оздравеле од заразната болест;
Од последици на коронавирусот, починаа две лица на 75 и 78-годишна возраст;
Бројот на активни случаи изнесува 237, од кои 201 се наоѓаат на домашно, а 36 на болничко лекување;
Во домашна изолација и самоизолација се наоѓат 594 лица;
Вкупниот број на заразени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 973.
Со почит,
Општина Прилеп