Информација за состојбата со коронавирусот во општина Прилеп за денеска, понеделник 18-ти мај

Информација за состојбата со коронавирусот во општина Прилеп за денеска, понеделник 18-ти мај:

  1. Во општина Прилеп денеска нема новозаболени од коронавирус, а од заразната болест оздравело едно лице;
  2. На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“ хоспитализирани се 19 лица. Од нив, 16 се позитивни на коронавирус а во делот за изолација се наоѓаат тројца пациенти, сите негативни на КОВИД-19;
  3. Во самоизолација се наоѓаат 158 лица;
  4. Во деновите од викендот забележани се 3 нарушувања на полицискиот час.

Волонтерската служба на Општина Прилеп започна со распределба на 150 пакети со прехранбени производи, наменети за самохрани родители кои се корисници на гарантирана минимална помош. Најголемиот дел од пакетите се донација на „Тинекс“, а одреден број донираа и компанијата „Викторија Тобако“ и „Систина офталмологија“.

Со почит,

Општина Прилеп