Информација за состојбата со коронавирусот во општина Прилеп за денеска, понеделник 17-ти август

  • Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има 7 нови случаи на коронавирус, а од заразната болест оздравеле 5 лица;
  • Бројот на активни случаи изнесува 39, од кои 29 се наоѓаат на домашно, а 10 на болничко лекување;
  • Во домашна изолација и самоизолација се наоѓаат 58 лица;
  • Вкупниот број на заразени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 365, а како последица на коронавирусот починале 24 лица.