Информација: Од утре Општинските служби ќе работат во две смени, граѓаните ќе ги добиваат услугите од 08:00 до 20:00 часот

Согласно најновите одлуки за заштита од Ковид-19, донесени од Владата на Република Северна Македонија, почнувајќи од утре 27 октомври 2020 година службите на Општина Прилеп ќе работат во две смени.

Вработените во секторите и одделенијата на Општина Прилеп, ќе функционираат според двосменски систем на ротација од по осум часа, од кои шест часа работа со физичко присуство, а два он лајн, електронски.

Според новото работно време, граѓаните ќе можат непречено да ги добиваат услугите на ЕЛС Општина Прилеп, секој работен ден во периодот од 08:00 до 20:00 часот.

Согласно актуелните протоколи за заштита од коронавирусот, при влез во институцијата, граѓаните ќе треба да ги дезинфицираат рацете и да носат заштита опрема за покривање на устата и носот, односно маска, марама или шал.