За сите компании во руралните средини кои се заинтересирани за создавање на нови услови за вработување, достигнување на ЕУ стандардите, имплементирање на нови технологии и процеси, на 28 декември 2019 година Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство отвори јавен повик за мерка 3 „Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи“.
За таа цел, телото за управување со ИПАРД фондовите одржува инфо денови за спроведување и користење на инструментот за претпристапна помош на Европската унија за рурален развој – ИПАРД 2014-2020, со особено внимание на мерката 3.
Распоредот и програмата за инфо деновите кои се наменети за информирање на сите потенцијални баратели за користење на средствата од ИПАРД Програмата 2014-2020, е следниот:
-
- Ранковце 9 јануари 2020 (четврток), 10.00 часот – мерка 3
- Свети Николе 9 јануари 2020 (четврток), 14.00 часот – мерка 3
- Струмица 10 јануари 2020 (петок), 11.00 часот – мерка 3
- Прилеп 15 јануари 2020 (среда), 11.00 часот – мерка 3
- Тетово 16 јануари 2020 (четврток), 10.00 часот – мерка 3
- Кичево 16 јануари 2020 (четврток), 14.00 часот – мерка 3
- Карпош 17 јануари 2020 (петок), 10.00 часот – мерка 3
- Аеродром 17 јануари 2020 (петок), 14.00 часот – мерка 3
- Битола 23 јануари 2020 (четврток), 11.00 часот – мерка 3
- Градско 24 јануари 2020 (петок), 11.00 часот – мерка 3
- Кочани 28 јануари 2020 (вторник), 11.00 часот – мерка 3
- Богданци 29 јануари 2020 (среда), 11.00 часот – мерка 3