Вчера на 82-годишна возраст, почина доајенот на македонската народна, староградска но и забавна музика, нашата сограѓанка, Нина Спирова.
Со својот препознатлив глас, Нина Спирова остави траен белег на македонската, но и на музичката сцена од поранешните југословенски простори. Големиот број музички записи, бројните учества на најреномираните фестивали во поранешната држава, изведувајќи песни на најпознатите македонски автори, композитори и аранжери, ја вброија во редот на најдобрите македонски интерпретатори.
Песните кои ги испеа Нина Спирова, остануваат да живеат и да сведочат за нејзинот прекрасен глас и вонредни музички квалитети.
Општина Прилеп и градоначалникот Илија Јованоски, до семејството на Нина Спирова, упатуваат изрази на длабоко сочувство.
Нека и’ е вечна слава.