Хуманитарниот светиниколски турнир почнува во недела

Турнирот во мал фудбал што по повод патронот на Прилеп, „Свети Никола“ се одржува традиционално годинава по 8 пат, ќе почне во недела. Вечерва во големата сала на Општина Прилеп,се одржа жребањето и се одреди редоследот на екипите учесници на турнирот.

Средствата од турнирот ќе бидат наменети за нашите сограѓани со ретки болести, меѓу низ и оние со цистична фиброза.Организатори на турнирот се Локалниот спортски сојуз-Прилеп со целосна поддршка на Општина Прилеп и градоначалникот Илија Јованоски.

За деталите од турнирот погледнете ја изјавата на претставникот на Локалниот спортски сојуз, Горан Спиркоски.

 

Минатата година средствата коишто беа собрани беа наменети за отворање на Дневниот центар за лица со церебрална парализа. Овој центар со огромни заложби на Општината и градоначалникот Јованоски и со поддршка на Министерството за труд и социјална политика е ставен неколку месеци во функција. Во него работат и родители на децата со церебрална парализа.