На третата сесија на “Форумот во заедницата“ во Прилеп ,во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети – фаза 2“, учесниците има можност да се запознаат и да дискутираат за предлог проектите за приоритетните проблеми кои беа разгледувани на претходните форумски сесии, поврзани со избраната област. Пред граѓаните беа презентирани трите издвоени предлог- проекти од заедницата, реална потреба за заедницата и со реална финансиска конструкција: предлог проект „Изградба на Инклузивно детско игралиште, предлог-проектот за обезбедување на лифтови/дигалки за лица со ограничено движење во СОЕПТУ „Кузман Јосифоски – Питу„ и СОУ “Ѓорче Петров“ и предлог проект за “Уредување на двор и воведување на спортски реквизити и содржини во градинки.„
Приоритетниот проект/и од најголем интерес за локалната заедница ќе треба биде реализиран/и во наредните шест до девет месеци, со финансиска поддршка од програмата „Зајакнување на општинските совети – фаза 2“ и Општина Прилеп.
Крајниот рок за завршување на проектот е декември 2023 година, до кога ќе треба да има и конкретна реализација на предложеното решени од страна на граѓаните.
Програмата „Зајакнување на општинските совети – фаза 2“ ја финансираат Швајцарската влада и Министерството за локална самоуправа, а ја кофинансира и спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со национални и локални партнери.