Општина Прилеп започнува со реализација на проектен Форум во заедницата, во рамките на Програмата „Зајакнување на општинските совети –фаза 2“ која ја финансираат Швајцарската влада и Министерството за локална самоуправа, а ја кофинансира и спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со национални и локални партнери. Имплементацијата на програмските активности е поддржана и од Општина Прилеп.
Првата форумска сесија ќе се одржи на 10.03.2023 година со почеток од 12:00 часот, во Хотел „Салида“.
На првата форумска сесија учесниците ќе имаат можност да се запознаат со форумскиот процес, да дискутираат за приоритетните проблеми поврзани со избраната област и да предложат приоритетни решенија.
Во рамките на предвидените форумски сесии ќе се дискутира за проблеми кои ја засегаат општината и ќе се нудат решенија од кои ќе произлезат проектни идеи/концепти за предлог проекти. Од овие концепти за предлог идеи учесниците на форумот ќе ја изберат најприоритетната, што ќе се аплицира до проектниот фонд. На последната сесија ќе се даде информација за реализација на избраниот/избраните проект/и и препораки.
Се покануваат сите заинтересирани граѓани преставници на НВО, претставници од приватниот сектор, образовни институции и други, да учествуваат на форумската сесија.