Денеска Градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески оствари прва работна средба со членовите на Регионалната стопанска комора од Прилеп. На средбата освен претставниците од бизнис заедницата присуствуваа и претседателот на Советот на Општина Прилеп, пратеници, вработени во Општината и престедателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски.
Средбата се одржа во хотелот „Кристал Палас“ и истата беше искористена за меѓусебно запознавање и за отпочнување на соработка помеѓу прилепските стопанственици и новото раководство на општината.
„Денес остваривме една работна средба на иницијатива на Локалната самоуправа на Општина Прилеп, а во соработка со Регионалната стопанска комора која што покажа голема заинтересираност. Се уверивме во проблемите тековни со кои се соочуват секојдневно во доменот на нивното делување. Перспективата Локалната самоуправа ја гледа во соработка а исто така и во развој на локалната соработка која што би била во иднина голем прогрес како во остварување на нови работни места така и на нови инвестиции, се во интерес на грѓаните на Општина Прилеп. Ова е прва ваква работна средба но во иднина ќе се потрудам ова да премине во континуирано, почесто и секој месец да имаме средба се во интерес на Општината.“,истакна градоначалникот Јовчески.
На средбата беше потенцирано дека поттикнувањето на локалниот економски развој и градењето на партнерски однос со бизнис заедницата се едни од главните приоритети на локалната власт во следните четири години.