Информација за состојбата со коронавирусот во општина Прилеп за денеска, понеделник 6-ти април:
- Во самоизолација се наоѓаат 179 лица, во изминатите 24 часа сите ја почитувале оваа мерка.
- Граѓаните го почитувале полицискиот час, не се забележани никакви прекршувања.
- Денеска, до овој момент, нема регистрирано нови случаи на заболени од коронавирус во општина Прилеп
- Докторката од Инфективното одделение во прилепската Општа болница е негативна на тестирањето за коронавирус, што значи дека одделението непречено ќе фунционира, а доколку има потреба ќе биде засилено со медицински персонал од другите одделенија во болницата.
- Од причина што бројот на инфицирани со коронавирус во општина Прилеп за два дена се покачи за 50%, односно од 22 на 33, градоначалникот Илија Јованоски од Владата и премиерот Оливер Спасовски побара за Прилеп да бидат донесени поригорозни мерки, слични на мерките за Куманово.