Меѓу 10-те најуспешни менаџерки за 2018 година, традиционална манифестација која ја организира агенцијата „Марили“, се најде и административната извршна директорка на Мермерен комбинат АД Прилеп, Јасна Ажиевска Петрушева.
По тој повод, денеска градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски во својот кабинет оствари средба со Ажиевска Петрушева, при што и’ врачи и скромен подарок.
Честитајќи и’ го изборот, градоначалникот Јованоски го искажа своето задоволство заради успешната соработка која Општина Прилеп ја има со Мермерниот комбинат, која како општествено одговорна компанија секогаш го помага одржувањето на спортските, културните и другите манифестации во Прилеп.
Манифестацијата за избор на најуспешни жени менаџерки, придонесува за афирмација на жената во бизнисот како успешен менаџер и претставува поттик за младите генерации образовани жени.