Градоначалникот Илија Јованоски и министерот Горан Сугарески денеска со своите тимови одржаа работна средба. При тоа беа разгледани плановите и проектите на Општина Прилеп за подобрување на урбаната слика на градот.
Целта е да се изнајдат оптимални солуции за да се реализираат проектите од изборната Програма на градоначалникот Јованоски, коишто се во насока на подобрување на условите за живот во Прилеп.