Градоначалникот Јованоски ги посети детските градинки „Наша Иднина“

Градоначалникот  Илија Јованоски денеска ги посети детските градинки при Јавната општинска установа за деца Детска градинка „Наша Иднина“.

Честитајќи им ги Новогодишните и Божикните празници, на вработените и децата кои ги посетуваат градинките, градоначалникот им посака многу здравје, среќа и успех во Новата 2019 година. За сите деца од ЈОУДГ „Наша иднина“, Општина Прилеп обезбеди новогодишни пакетчиња и сликовници .

Вработените и директорката на ЈОУДГ „Наша Иднина“, Бети Спиркоска посочија дека традиционално, како и секоја година по повод Новогодишните и Божикните празници, дечињата за своите најмили и за Дедо Мраз подготвија пригодна програма.