„Состојбата со коронавирусот во нашата општина во последните десетина дена е загрижувачка, дури и алармантна. Истото тоа го покажуваат и бројките. Во последните 7 денови, имавме 377 новозаболени граѓани, голем број хоспитализирани и, за жал, 15 починати. Како шеф на Општинскит кризен штаб, како градоначалник на општина Прилеп, како лекар, од денеска се ставам на располагање на потребите на Инфективното одделение. Вчера разговарав со директорот на болницата, со колегите од Инфективното одделение, при што им ја понудив мојата помош која со задоволство беше прифатена, што значи дека од денеска, се’ додека за тоа има потреба, независно дали тоа ќе бидат 7 денови, 2
недели, месец, два месеца или повеќе ќе бидам присутен во ова одделение. Јас
знам дека и самиот припаѓам во ризичната група на граѓани на возраст од над 60
години, каде е поголема можноста да добијам инфекција или, не дај Боже, да
заболам. Но, тоа е пресметан ризик. Како општествено одговорен граѓанин, како
лекар кој ја има дадено Хипократовата заклетва, им се ставам на располагање на
моите колеги од секој аспект: технички, организационен, медицински. Тоа ќе го
правам, се’ додека има потреба“, изјави денеска градоначалникот на општина
Прилеп, Илија Јованоски.
Јованоски рече дека во услови кога Општина Прилеп работи со намален
капацитет, тој заедно со својот тим, ќе ги извршува неопходните обврски, кои ќе
овзможат Општината непречено да функционира, во интерес на потребите на
граѓаните.
Градоначалникот ја најави можноста за скоро време и во Прилеп, во Центарот за
јавно здравје, да се вршат ПСР тестови.
„Вчера разговарав со директорката и докторите од Центарот за јавно здравје. Тие
имаат апарат за вршење ПСР тестови и моја заложба е да им овозможиме на
најголемиот дел од нашите сограѓани да се тестираат овде. Има донација од
‘Гентерм’ и Мермерен Комбинат и заедно со помошта на Општина Прилеп, во
наредниот период ќе го направиме овој Центар за испитување на ПСР тестови“,
нагласи градоначалникот Јованоски.
Оценувајќи ја состојбата како драматична, Јованоски рече дека преку својот личен
пример, упатува порака до сите здравствени работници, во овие тешки моменти
да се приклучат во справувањето со пандемијата.
„До сите мои колеги, медицински сестри, болничари, упатувам апел да се пријават
како доброволци, волонтери, да помогнеме во овие моменти, бидејќи на
оштеството, на граѓаните им е најпотребна медицинска помош која ние можеме да
ја дадеме. Ваквиот тренд на болеста и натаму ќе продолжи, се надевам не многу
долго, но до крајот на овој месец или средината на другиот, ќе имаме ваква
ситуација“, потенцираше Јованоски.
Она што може да радува и што, као што рече градоначалникот Јованоски, дава
надеж дека за брзо ќе ја пребродиме здравствената криза, е што во последниве
неколку денови граѓаните речиси без исклучок носат заштитни маски, што е
најдобарата заштита од ширење на коронавирусот.