Градоначалникот Илија Јованоски денеска оствари средба со семејствата на
загинатите и претставници од здруженијата на бранители.
На средбата беше побарано да биде именувано едно лице од страна на Општина Прилеп кое ќе биде задолжено за директен контакт со бранителите и фамилиите. Градоначалникот Јованоски го назначи лицето Сашо Димовски кој во моментот е Претседател на организација на резервни официри на Република Северна Македонија основна организациона единица – Прилеп. Според градоначалникот Јованоски, начелно е дефинирана организацијата по повод 20 години ‘Карпалак’. Градоначалникот Јованоски посочи дека и по 20 – години, болката и тагата заедно ја делиме сите, иако таа најдлабоко ја чувствуваат семејствата. Како општина секогаш ќе бидеме тука за било каква помош, а особено јас како градоначалник ќе се залагам за
заштита и реализирање на барањата на семејствата и бранителите, учесници во
немилиот настан. Настанот “Карпалак“ започнува на 7-ми август во сабота со
положување цвеќе на споменикот во касарната „Мирче Ацев“, на споменикот во
село Лениште и посета на манастирот Св.Петка со вечерна богослужба.
Централниот настан е на 8-ми август кога делегација од Општина Прилеп и
Советот на Општина Прилеп ќе се упати кон месноста Карпалак, во 07.30 часот ќе
биде положено свежо цвеќе на гробовите на погинатите резервисти во градот и во
населените места, во 10.00 во црквата Св. Петка ќе има панихида и во 12.00 часот
е одбележување на настанот пред комплекс „Карпалак“ во центарот на Прилеп.