Шесте прилепски музеи: Галеријата на икони, Музејот на археолошки артефакти, Меморијалниот музеј – 11 Октомври, Спомен куќата на Кузман Јосифоски-Питу, Музејот на тутун и Лапидариумот, ширум ги отворија вратите за посетителите на втората по ред манифестација организирана во чест на Светскиот ден на музеите – 18 мај.
Посетителите ги поздрави градоначалникот Илија Јованоски, кој воедно ја отвори свеченоста: „Улогата на она што го имаме како наше идентитетско културно обележје, на кое се гледало во потесна смисла како симбол на национална гордост, со еден ваков отворен пристап се шири, со цел вклучување на пошироки феномени – економски и туристички развој, општествена кохезија, негување и почитување на културна разноликост. Во таа насока, слободно можам да истакнам дека тоа што 6-те музеи се отворени во оваа ноќ, каде можат да се погледнат поставки кои датираат од различен временски период, е можност културното наследство да се приближи до секој граѓанин. Овој аспект е уште позначаен имајќи предвид дека со одбележувањето на „Европските ноќи на музеите“, ја потврдуваме заедничката определба за почитување и за негување на културното наследство“, посочи градоначалникот Илија Јованоски.
Според директорот на НУ „Завод и музеј“, Благоја Атанасоски заводот има што да понуди, да се види. „Вчерва се отворени сите шест музеи, со ова се вклучивме во акцијата за одбележување на Денот на музеите и тоа по втор пат. Навистина поседуваме со богата културна ризница, посочи директорот Атанасоски.
Во вторник, НУ „Завод и музеј“ ќе го отвори Лапидариумот. Во овој отворен простор ќе бидат изложени околу 100 експонати.