Во Прилеп од денеска до недела се одржува Шаховски камп за млади шахисти
од Прилеп, Скопје, Неготино и Охрид. Веле мајсторот, државен
репрезентативец Звонко Станојоски е нивен тренер. Како што вели сите
учесници во кампот се најдобрите во своите категории во земјата. Очекува
дека нивното учество во кампот ќе гарантира успеси на македонската
репрезентација во шах. Кампот го отвори градоначалникот Илија Јованоски.
„Денеска сме присутни на настанот што се одржува во Прилеп во подготовка на
државното првенство во шах за младинци во сите категории. На
организаторите и присутните им посакувам успешно да го завршат овој камп.
На младите следбеници на оваа древна игра им посакувам да земат подобра
позиција на европското и светското првенство во шах, што ќе се оддржи во
наредниот период. Како градоначалник го поддржувам спортот, во тие рамки и
шахот, за што е потребна посебна психофизичка активност, а младите тоа го
учат. Горди сме што има од кого да научат. Тука се велемајсторите кои ги
подготвуваат за наредниот период“, изјави градоначалникот Јованоски.
Овој камп е еден од трите планирани во државата. Првиот е организиран во Неготино, а сега во Прилеп.
„Целта е да се поттикне иницијатива, шахот да заживее и да добие поголема
поддршка“, изјави Трајко Недев, шаховски велемајстор од Неготино.
Младите шахисти со импресии зборуваат за натпреварот.
„Учествувам долго време на државните првенства и на други турнири низ
Македонија и други држави. Интересно е бидејќи има многу различни
варијанти, можности за играње како и возбудливи моменти“, вели Матеј
Ѕвездакоски од Прилеп.
„Јас сум првак на Македонија до 14 години. Шахот ми е интересна игра, имамногу варијанти и можности за играње“, вели Христијан Цакончев од
шаховскиот клуб „Алкалоид Скопје“.
Според најавите на организаторите, првите десетина учесници – државни
прваци во своите категории, ќе учествуваат во сите натпреварувачки кампови.