Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола на 25 април го одбележува денот на основањето. Во рамки на работното одбележување, на УКЛО, на 27 април 2018г. ќе се одржи Форум за соработка на Универзитетот со работодавачите за поквалитетни и поатрактивни студиски програми со наслов WIN – WIN.
Проректорот за настава, проф. д-р Марјан Ангелески вели дека идејата е на
едно место да се вкрстат понудата и побарувачката, но и да се идентификува
какви знаења, компетенции и квалификации од нашите студенти очекуваат
работодавачите со цел ние како академска заедница да ги прилагодиме
студиските и предметните програми што подобро истите да се прилагодат
на пазарот на труд. Дека станува збор за важен академски предизвик и
современ пристап на поврзување на универзитетската заедница со опкружувањето потврдува и проректорот за наука, проф. д-р Елизабета Бахтовска, којашто потенцираат дека главната цел е постојано да се одржува и надоградува веќе постоечкиот линк меѓу работодавачите и Универзитетот и воедно да се антиципираат потребите и очекувања наработодавачите што ќе бидат во функција на креирање нови или подобрување и прилагодување на постојните студиски програми за продуцирање конкурентен високо-образован кадар со соодветни компетенции и квалификации .
Во работниот дел ќе учествуваат околу 100 претставници, а посебно место заслужуваат и три планирани презентации на истакнати претставници на
работодавачите меѓу кои: г-дин Бранко Азески, Претседател на Стопанска
комора на Република Макдонија, проф. д-р Глигор Бишев, Претседател на
УО на Шпаркасе банка и г-дин Симон Наумоски, Претседател на одборот на директори на Витаминка Прилеп. Форумот ќе заврши со презентација на заклучоците и препораките од работниот дел.