Општина Прилеп на предлог на градоначалникот Илија Јованоски, ќе им додели по 6000 денари, парични награди на 5- те најдобри матуранти од учебната 2017/2018 година, како мотив за уште поголеми успеси на патот кон натамошното образование.
„И за најдобрите ученици од сите основни училишта во градот и населените места Општина Прилеп ќе организира еднодневна екскурзија во Охрид, со цел учениците да се запознааат и со дел од нашето културно-наследство во овој град. Ова ќе биде наградата на Општината, како стимул за постигнување на што поголеми резултати и на другите ученици“, истакна градоначалникот Јованоски.