ЕКОЛОШКИ НАСТАН ЗА СОБИРАЊЕ НА ТЕКСТИЛЕН ОТПАД

На 05.10.2024 пред камената бина во соработка на Општина Прилеп со Тексомак-Колективен постапувач со отпад од текстил, SALAR international и ЈКП Комуналец во Прилеп се одржа промотивен и едукативен настан за собирање и рециклирање на текстилниот отпад.
Пред камената бина беа поставени и контењери за собирање на текстилен отпад каде што граѓаните имаа можност да го одложат својот текстилен отпад за што добиваа талони за учество во наградната игра.


Настанот беше проследен со музичка програма и работилница на која што дечињата создадоа една прекрасна слика.
На настанот беа изложени и продавани предмети изработени од најмладата популација во нашиот град создадени на едукативните работилници кои минатата недела се оддржаа во сите основни училишта и градинки во нашиот град.
На работилниците, дечињата се стекнаа со знаење дека текстилниот отпад треба да се селектира и да се одлага во контењерите Хипо поставени во нивните училишта и градинки. Собраните средства од продажбата на предметите изработени од текстил ќе бидат донирани на учениците со посебни потреби во ОУ„Климент Охридски“.
Во текот на настанот граѓаните од Општина Прилеп го одлагаа текстилниот отпад во контењерите за собирање на текстилен отпад и во текот на спроведената акција се собра 1 тон текстилен отпад.

На овој начин покажавме дека граѓаните од нашиот град се одговорни и ќе се приклучат и кон селектирање на текстилниот отпад.
Општина Прилеп има склучено договор со Тексомак како колективен постапувач и во договр со ЈКП Комуналец Прилеп ќе се организира поставување на контењерите секоја среда во првата седмица од месецот на 15 локации во градот за кои граѓаните ќе бидат дополнително известени.

По завршувањето на настанот беа подарени производи од текстилните фирми Комфи Ангел, Тритекс, Хатра, Тила, Гатекс и Кули на граѓаните кои што одлагаа текстилен отпад во поставените контењери за таа намена, за што изразуваме голема благодарност за поддршката на овој промотивен настан за собирање на текстилен отпад.