Екипи од ЈКП „Комуналец“ излегоа на терен во „Тризла“ и „Варош“ по обилните дождови што ги зафатија овие населби. Се расчистуваат поголеми наноси од отпад, песок и тиња.
„Вчера се работеше на потегот на улицата ‘Тризла’ кај џамијата. Овде се чистеа поголеми наноси, што се појавуваат при секои поголеми врнежи. Денеска е зголемен бројот на екипите што работат во овој дел од градот и се работи на товарање и транспортирање на наносите, метење и миење на улиците. Се метат и собираат помалите наноси, во исто време се мијат и улиците ‘Тризла’, како и делови од улиците ‘Мице Козар’ и ‘11 Октомври“, изјави Звонко Јованоски, в.д. директор на ЈКП „Комуналец“.
Надлежните од комуналното претпријатие истакнуваат дека како јавно претпријатие, секогаш се подготвени да делуваат, таму каде што има потреба со цел да се излезе пресрет на потребите на граѓаните и подобри комуналната слика на градот.