Библиотеката во СОЕПТУ „Кузман Јосифоски-Питу“-Прилеп се збогати со 29 книги со стручна литература.
Книгите се донација од Министерството за образование и наука, а наменети се за зголемување на квалитетот во наставата и потребите на училиштето. Благодарение на Владата, учениците ќе имаат можност брзо и лесно да стигнат до најсовремената стручна литература од светски познати автори, а ќе ја имаат и можноста за надоградување на стручените способности и вештини во економската област.
Меѓу насловите достапни за учениците, вработените и заинтересираните за економија, право и трговија, се наоѓаат „Економија на јавниот сектор“-Џосеф И. Стиглиц, „Современо банкарство“-Шила Хефернан, „Економија во здравството“-Пол Џ.Фелдштајн, „Инвестиции“-Зви Боди, Алекс Кејн, Ален Џ. Маркус, „Стратегиски менаџмент: Конкурентност и глобализација“-Мајкл А.Хит, Р.Двејн Ајрленд, Роберт Е.Хоскисон и многу други.
МОН им овозможи на учениците практичната настава да добие реални параметри. Благодарение на проектот SKILLS, опремена е една училница со 10 компјутери кои се надоградени со професионален софтвер за сметководство наменет за практична настава, како и со фискална каса и читач на бар кодови.
Учениците веќе ја имаат реалната опрема неопходна за нивно стручно оспособување. Училиштето и понатаму ќе се залага за осовременување на наставата и следење на најновите истражувања од областа на економијата, со цел учениците да се стекнат со применливи знаења и вештини. На тој начин, СОЕПТУ „Кузман Јосифоски-Питу“ ќе продуцира квалитетни и работоспособни генерации кои ќе вложуваат во правото, економијата и трговијата.