Денеска во големата собраниска сала на Општина Прилеп, градоначалникот Илија
Јованоски им ги додели наградите за освоеното прво и второ место на пионерските
екипи, учесници на турнирот во мал фудбал „Свети Никола 2019“.
Првото место од генерацијата 2005/2006 и’ припадна на екипата „Ивовод“, а второто
на фудбалската школа „Тони“.
Во генерацијата 2007/2008, најдобри беа младите фудбалери на ФК „Битола“, додека
второто место го освоија играчите на прилепската екипа “Тргачо“.
Екипата на ФК „Перак“ беше најдобра кај фудбалерите од генерацијата 2009, а
вицешампионското место им припадна на фудбалерите на ФК „Победа“.
Дел од фудбалскиот турнир беа и пионерите од генерацијата 2010/2011, каде првото
место го осовои „Фото студио Дано – Академија Пандев“, пред второпласираната
екипа на „Ресторан Сокаче – Еврогол“.
За освоеното прво место во четирите пионерски категории, играчите на
првопласираните екипи добија дуксери, а второпласиранте поло маици.