Доделени дипломите по повод 21-вото издание на карневалот „Прочка“

По повод годинешното 21-во издание на карневалот „Прочка“, градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески денес во просториите на Општината оствари средба со учесниците на карневалското дефиле и изложбата на маски.


На средбата градоначалникот Јовчески заедно со Советникот за култура, Снежана Ристеска им доделија дипломи на менторите, наставниците, професорите и директорите на училиштата, заблагодарувајќи се на сите кои што учествуваа и помогнаа во целокупната беспрекорна организација и реализација на Прочка 2023.

Градоначалникот Борче Јовчески истакна дека со организацијата на карневалот „Прочка“ се поттикнува натпреварувачкиот дух и креативноста, како кај младите така и кај наставниците и менторите а исто така и се овозможува на еден современ начин да се негува нашата вековна македонска традиција.