До среда им е продолжен распустот за учениците

Зимскиот распуст за учениците е продолжен, поради високото загадување
на воздухот во земјата. Продолжениот зимски распуст ќе трае до
23.01.2019 година, поточно до среда. Ова согласно со одлуката на Владата
за заштита на здравјето на граѓаните.

Сите училишта во Прилеп се подготвени за старт на второто полугодие и
непречена настава на 9970 ученици, поточно 6725 основци и 3245
средношколци.

Според изјавите на директорите на средбата со градоначалникот Илија
Јованоски, минатата недела училиштата имаат обезбедено доволно
огревен материјал, нафта и дрва за греење во зимската сезона.