Ди џеј Мозел, за чијшто музички избор вечерва е резервиран последниот дел од музичката понуда на „Пивофест 2018“, на средбата со новинарите, што се одржа токму пред тонската проба на сцената, со весела насмевка најави дека тој всушност е многу задоволен што е во Прилеп.
„Многу сум возбуден што сум во Прилеп вечерва. Се надевам дека ќе биде полно и дека публиката може да очекува дека ќе направам многу добра атмосфера. Ќе биде супер енергичен сет и едвај чекам вечерва да видам публиката како ќе реагира на моите песни. Буквално ќе ја донесам целата светска музика овде“, изјави Мозел.
Македонската естрадна ѕвезда Дарио се заблагодари на организаторите на „Пивофест 2018“, што за прв пат е присутен на овој фестивал.
„ Очекувам еден одличен концерт после толку многу години во Прилеп. Но, пред сè една одлична комуникација со прилепчани, затоа што не сме се виделе деценија ипол. Мислам дека ќе им биде интересно после толку долги години, да ги слушнат старите песни и понови секако. По оние искуства што сум ги имал претходно од настапите, знам дека секогаш во Прилеп сме имале одлична комуникација“, изјави Дарио.
Вокалистот на групата „Црвена јабука“ не беше присутен на тонската проба, а според најавите, може да се очекува негова изјава пред почетокот на настапот во 23:30ч.
Почитувани фанови на „Пивофест 2018“, ајде на забава, не очекува ноќ за паметење со :Ван Гог, Дарио, Црвена јабука и Mozzel, вечерва во центарот на Прилеп.