Денови на Крали Марко

„Денови на Крали Марко“ е настан кој  ќе се случи на 17 мај во четврток со почеток во 10.00 часот во дворот на црквата Св. Никола во населба Варош. Учениците од ООУ „Блаже Конески“ преку историски  и литературен час, цртање на тема „Крали Марко и Марковите кули“ и со пригодна програма, ќе не потсетат на неговите јуначки дела.

Целта на ова случување е да се потсетиме на времето во кое што живеел легендарниот македонски крал, односно преку филм, цртање, раскажување на народни приказни и легенди поврзани со името на познатиот јунак, да се потсетиме на неговиот живот и дело.