Денеска во општина Прилеп регистрирани се 9 нови случаи на лица инфицирани со коронавирусот.

Во Инфективното одделение на Општата болница „Борка Талески“ хоспитализирани се 19 лица позитивни на КОВИД-19, од кои две се со потешка клиничка слика и се наоѓаат на кислородна поддршка. Три лица се во изолација, земен им е брис и се чекаат резултати.

Во самоизолација се наоѓаат 460 лица, а изминатата ноќ не се забележани прекршувања на полицискиот час.

Со почит,

Општина Прилеп