Денеска во општина Прилеп нема новозаболени лица од коронвирус, што значи дека останува досегашната бројка од 117 евидентирани случаи.

Во Инфективното одделение на Општата болница „Борка Талески“ хоспитализирани се 18 лица позитивни на КОВИД-19, од кои 16 се со лесна клиничка слика, а две лица се на повремена кислородна поддршка. Во изолација се наоѓаат 4 лица сомнителни на коронавирус, земен им е брис и се чекаат резултати.

Во самоизолација се наоѓаат 496 лица. Во деновите од викендот, од петокот до денеска, евидентирани се 10 нарушувања на полицискиот час.

Со почит,

Општина Прилеп