Информација за состојбата со коронавирусот во општина Прилеп за денеска, вторник 19-ти мај:
- Во општина Прилеп денеска има двајца новозаболени од коронавирус, а од заразната болест оздравеле 6 лица;
- На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“ хоспитализирани се 19 лица, од нив 16 се позитивни на коронавирус. Во делот за изолација се наоѓаат тројца пациенти, од кои двајца се негативни на КОВИД-19, а на едно лице му е земен брис и се чекаат резултати;
- Вкупниот број на активни случаи изнесува 59, од кои 39 се наоѓаат на домашно, а 20 на болничко лекување;
- Во самоизолација се наоѓаат 158 лица;
- Во изминатото деноноќие немало нарушувања на полицискиот час.