Денеска градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески, го посетија децата од Дневниот центар за деца со попреченост ,,Ѕуница“. Тие при посетата на градоначалникот му подарија дел од нивните рачни изработки, и ја покажаа својата креативност. Му посакаа добро здравје, успешна работа, а градоначалникот на своите драги гости им додели симболични пригодни подароци од општината.
Децата при посетата се запознаа со работењето на градоначалникот и ја искажаа својата среќа и радост за дадената можност. Ги соопштија нивните планови, среќни што ќе одат на заеднички излет во природа и на одмор. Раскажаа за нивните дневни активности во центарот, а стручните лица го запознаа првиот човек на градот со условите во кои работи центарот за деца со попреченост и со можностите кој тој ги нуди, кадровски и технички, за грижа на децата со попреченост.
Дневниот центар за деца со попреченост ,,Ѕуница“ постои повеќе од две децении и е со капацитет за 25 деца. Него моментално го посетуваат 13 деца.