Дебата по низа прашања на 24та Седница на Советот на Општина Прилеп

На 24та седница на Советот на Општина Прилеп, информацијата по Извештајот за оценка на перформансите на јавните расходи и финансиската одговорност (public expenditure and financial accountability – pefa), како прва точка од дневниот ред, наиде на дискусии кај советниците, кои на говорницата ги искажаа своите ставови и мислење по извештајот од УНДП за Финансиско управување на локално ниво.
Советниците дебатираа и за новиот правилник за утврдување на критеримуите, начинот и постапката за распределба на финансиски средства од Буџетот на Општина Прилеп зa спортски клубови, професионални спортски клубови и здруженија на граѓани и фондации, како и по програмата за еднакви можности. Беа разгледани и фактурите од ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА ДООЕЛ Скопје, евидентирани за ЈПЕД ЕНЕРГО ПРИЛЕП, за месец, јануари 2023 година, а беше дадена согласност за тримесечниот извештај за финансиското работење на ЈПЕД ЕНЕРГО ПРИЛЕП-Прилеп, за период од 01.10.2022 година до 31.12.2022 година.
На 24-та седница на Советот на Општина Прилеп, советниците дадоа согласност на тримесечните извештаи за финансиското работење на ЈКП ,,Пазари”-Прилеп, ЈКП ,,Комуналец”-Прилеп и ЈП за ПУП Прилеп, за период од 01.10.2022 година до 31.12.2022 година и ги усвоија годишните сметки и извештаи за работењето на овие јавни претпријатија, за 2022 година, а дадоа и „зелено светло“ за годишните сметки на седум основни и две средни училишта во Општина Прилеп за 2022 година.
Советниците позитивно ја изгласаа и одлуката за распоредување на добивката остварена по годишна сметка на ЈП за ПУП Прилеп за 2022 година и дадоа овластување за потпишување на Колективен договор за уредување на правата и обврските од работен однос на вработените во ова јавно претпријатие.