Четири нови случаи со коронавирус

DCIM100MEDIADJI_0020.JPG

На територијата на општина Прилеп денеска се регистрирани 4 нови лица заразени со коронавирусот, со што вкупниот број на инфицирани со КОВИД-19 знесува 38.

Од Центарот за јавно здравје во Прилеп потврдија дека еден нов случај, трет по ред, е регистриран и во општина Крушево.

Во Инфективното одделение на прилепската Општа болница „Борка Талески“ се наоѓаат 4 лица, сите со средна клиничка слика. Вчера во попладневните часови, во Инфективната болница во Скопје е транспортиран еден повозрасен пациент, кај кого била констатирана потешка клиничка слика.

Исто така, во прилепската болница во изолација се наоѓаат тројца пациенти. За двајца од нив се чекаат резултати од земениот брис, а третиот пациент е во фаза на обработка.

Со почит,

Општина Прилеп