Честитка од градоначалникот Јованоски по повод Денот на пожарникарите

Денеска на 20.Мај, Денот на пожарникарството во нашата држава, оддаваме
посебна почит и благодарност до пожарникарите, за нивната храброст и
пожртвуваност во заштитата на животот и имотот на сите граѓани од нашата
заедница.

Вршејќи ја оваа благородна професија, често пати ставајќи го во ризик и
сопствениот живот за да спасат нечиј друг, пожарникарите се нашиот симбол
за хуманост и солидарност.

Почитувани пожарникари, ви посакувам добро здравје и што помалку
интервенции.

Нека е честит 20.Мај, Денот на пожарникарите.