Честитка од градоначалникот Илија Јованоски по повод Рамазан Бајрам

Почитувани,

Во мое лично име и од име на Општина Прилеп, на сите верници од исламска вероисповед им го честитам големиот празник Рамазан Бајрам и им посакувам добро здравје, среќа и бериќет во семејствата и домовите.

Крајот на светиот месец Рамазан и едномесечниот пост, исполнет како со многу одрекувања и воздржувања, така и со многу благодети, го зацврстува духот на солидарноста и толеранцијата, што е основата врз која ја градиме нашата заеднича иднина.

Во духот на празникот да продолжиме да ги негуваме вредностите кои не’ обединуваат, а хуманоста, помагањето и дарежливоста, нека бидат дел од нашето поведение, во секој ден од годината. Да не забораваме дека добрината, со добрина се враќа.

Почитувани сограѓани, муслимански верници,

Прославувајќи го празникот одговорно, со почитување на мерките за заштита од ковид-19, покажуваме дека сме добар пример за идните генерации и дека се грижиме за здравјето на своите најблиски.

Рамазан Бајрам нека донесе духовен мир, спокој и радост во вашите срца.

Нека е честит и благословен празникот.