Почитувани, верници од исламската вероисповед.
На сите вас, Ви посакувам овој празник Рамазан Бајрам да го прославите во радост и среќа, здравје и бериќет.
Овие големи празници отсекогаш биле прилика за изразување на взаемна почит и пријателство помеѓу луѓето.
Празникот нека ни даде поттик и нека ни носи мир во душата, благодет во семејството и среќа во заедницата.
Честит Рамазан Бајрам
Градоначалник на Општина Прилеп
Илија Јованоски