Честитка од градоначалникот Илија Јованоски по повод католички Велигден

Во мое лично име и од име на Општина Прилеп, упатувам срдечни честитки до верниците од Католичката црква и до сите верници кои денеска според Грегоријанскиот календар го слават големиот христијански празник Воскресение христово – Велидген.
Токму во овие времиња на големи искушенија и предизвици, кога сите се бориме со третиот и најопасен бран на пандемијата со Ковид-19, најголемиот христијански празник нè повикува на почитување на вистинските цивилизациски вредности, заедништвото, солидарноста и хуманоста.
Празникот на спасението и победата на животот над смртта, нека биде поттик за сите нас да истраеме во оваа заедничка битка со најголемото зло на денешницата и почитувајќи ги мерките за заштита да го зачуваме личното здравје и здравјето на нашите најблиски.
На сите Вас кои денеска го славите Велигден, Ви посакувам добро здравје, духовен мир и хармонија во семејствата.
Нека е за многу години големиот христијански празник Воскресение христово – Велидген.