На почетокот на Рамазан, најсветиот месец за верниците од исламска
вероисповед, на сите муслимани им посакувам многу здравје, мир, радост и
благосостојба во нивните домови и семејства.
Рамазан, месецот на духовното и телесното прочистување, месецот на
милоста и простувањето, нека биде поттик да ги негуваме и унапредуваме
универзалните човечки вредности: меѓусебното почитување, помагањето,
солидарноста, хуманоста, милосрдието.
Со молитви за здравје, среќа и благосостојба од своите домови, заедно да ги
надминеме сите премрежја и искушенија пред кои сме исправени во овие
времиња на пандемија од вирусот КОВИД-19.
На сите вас – верниците од исламска вероисповед ви посакувам лесни пости,
деновите на благословениот месец Рамазан да ги поминете во добро здравје,
исполнети со семејна љубов, душевен мир и хармонија.